Мекларен и Рикардо разговарале за трансфер во ИндиКар

Шефот на Мекларен Рејсинг, Зек Браун, вели дека со Даниел Рикардо било разговарано за префрлање во ИндиКар како дел од потенцијалните опции за Австралиецот за 2023 година надвор од Формула 1.

Во средата, Мекларен и Рикардо објавија дека меѓусебно се договориле за предвремено раскинување на нивната соработка, при што секој ќе тргне по својот пат на крајот од сезоната оваа година.

Додека Рикардо ја изрази својата желба да остане во Формула 1, враќањето во Алпин изгледа како единствената остварлива опција за 33-годишниот возач. Сепак, со оглед на тоа што Мекларен има тим и во ИндиКар преку својата филијала Arrow McLaren SP, според Браун се дискутирало за можноста Рикардо да се приклучи на американската серија во иднина.

Разговаравме за тоа. Тој е исклучителен тркачки возач, секој тим за кој вози е привилегија да го има Даниел да вози за нив.

Имаме различни тркачки активности како компанија. Како што тој вели, тој е многу фокусиран на Ф1.

Значи, се разбира дека вратата секогаш ќе биде отворена овде во Мекларен, но верувам дека тој има вистинска желба да продолжи во Ф1.

И покрај раната поделба, Браун инсистира на тоа дека нема лошо мислење меѓу тимот и возачот.

Ќе се навратам наназад со многу убави спомени, забавни времиња заедно на и надвор од патеката – рече шефот на Мекларен.

Ние сме бизнис, каде Андреас и сите овде во Мекларен треба да се фокусираат на врвните перформанси. Се надеваме и му посакуваме најдобро на Даниел. Нема апсолутно никаква лоша волја меѓу нас. Сето тоа е многу пријателско.

тој добро се забавуваше во Мекларен и е млад, па се надеваме дека ќе го видиме во конкурентен тркачки болид и еден од овие денови, можеби ќе го видиме како проблем за нас на тркачката патека и тоа ќе биде забавно бидејќи тој е голем конкурент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ