Мекларен и сезонава ќе користи резервисти од Мерцедес

Мекларен ќе продолжи да ги користи резервните возачи од Мерцедес и оваа година како продолжување на соработката помеѓу двете екипи.

Мекларен лани се тркаше без свој сопствен резервен возач откако постигнаа договор со Мерцедес дека ќе им дадат возач доколку тоа е потребно, а таквата нивна спогодба ќе остане на сила и годинава.

Во моментов резервисти кај “сребрените стрели“ се Стофел Вандорн и Ник де Вриес, кој имаат обврски и во Формула Е, а обајцата го познаваат Мекларен. Стофел се тркаше за тимот во 2017 и 2018 година и логично е да биде замена за “не дај боже“, додека де Вриес беше јуниор на тимот од Вокинг и има искуство во тест на нивниот болид.

годинава ќе го нправиме истото како и лани во однос на резервните возачи. повторно ќе имаме договор со тото, со мерцедес, за д ги користиме нивните резервни возачи во случај на потреба. задоволни сме со таквата соработка – појасни андреас сеидл, шефот на мекларен.

Се шпекулира и дека Мерцедес преговараат со Нико Хулкенберг кој исто така би требало да биде нивни резервист, доколку Вандорн или де Вриес поради своите обврски во електричната Формула Е, не се во можност да заменат во екипата. Шпанското Гранд При, легендарната Голема награда на Монако како и трката во Баку се трите настани во првиот дел од сезоната кој се возат во исто време како и Формула Е трки. Мерцедес се надеваат дека на тие настани ќе го имаат “на готовс“ Нико Хулкенберг и ќе ги делат неговите услуви со Астон Мартин.

Хулк три пати менуваше во Рејсинг Поинт лани, два пати возеше наместо Чеко Перез и еднаш го замени Ленс Трол откако двајцата иаа позитивен Ковид-19 тест.

ќе се појави ситуација во која нашите двајца резервни возачи ќе имаат формула е трки кои се поклопуваат со формула 1 календарот. мислам дека нико одлично ги познава сегашнатаа генерација на болиди и гумите и ќе биде добро да биде наша резервна варијанта и би го делеле со некоја екипа. неговите квалитети се познати и почивуани, но сеуште нема ништо официјално – најави волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ