Мекларен и Ферари со значителни надградби во Австрија

Двете легендарни екипи ќе се обидат да ја подобрат својата форма со нивните најнови надградби донесени на Ред Бул Ринг во Австрија.

По слаби перформанси Ферари и Мекларен ќе се обидат да ја намалат разликата во однос на нивните соодветни ривали со мноштво надградби за викендот за Големата Награда на Австрија.

Потврдени се деталите за развојот на болидите на Ферари и Мекларен, заедно со промените за болидите на АлфаТаури и мали измени во болидите на Ред Бул, Хаас и Вилијамс.

Како што се забележа на првичните слики од гаражата во Четвртокот, потврдено е дека Ферари имаат ново предно крило и подни елементи, со цел да се подобри аеродинамичната рамнотежа и ефикасноста на болидот СФ-23.

Мекларен, кои ќе воведат надградби само на болидот на Ландо Норис, донесоа нови странични подлоги, под и капакот на моторот, со цел да ја подобрат аеродинамичната ефикасност, што е особено голем проблем за Мекларен при поголема брзина, како и севкупната надолна сила.

Мекларен МЦЛ60 исто така ќе има измени во дизајнот на халото и соседните отвори за ладење.

Желбата на тимот од Вокинг да извлече перформанси доаѓа со ризик за време на Спринт викенд. Норис се надева дека ќе ја преживее дополнителната тркачка акција и ќе собере вредни податоци за развојот на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ