Мекларен назад во реалноста по лошото Мајами

Андре Стела посочи дека неговиот тим се враќа назад во реалнсота по лошата трка во Мајами.

Ландо Норис губеш по околу две десетинки по круг околу Хард Рок стадионот поради контактот со Ник де Врис во првиот круг од трката и заврши на 17то место, додека колегата Оскар Пиастри заврши две места зад него. Дури се размислуваше да се повлече од трка Пиастри поради проблеми со хидрауликата во системот за сопирње што му донео високи температури во истиот.

Откако екипата го претстави новиот под на минатата трка и освоија поени, овој пат се вратија во реалноста дека немаат риам и брзина за топ 10 пласман.

по добриот викенд во баку од страна на перформансите, во мајами се вративме во реалноста. но, информациите кои ги собравме ќе ни помогнат да ја разбереме насоката на разој која треба да ја одбереме како подобрување на болидот. во моментов, болидот едноставно не работи во вакви услови и вакви патеки каде имаме ограничувања – посочи стела.

Италијанецот додаде дека едиснтвена шанса за напредок на трката во Мајами било некаков голем инцидент и безбедносно возило кое ќе пореметело се, но во текот на 57те кругови околу стадонот, немаше ниту едно повлекување или инцидент барем за жолто знаме.

ќе ни требаа некои непредвиден инастани на трката како на пример безбедносно возило, но тоа не се случи. ограничувањата од гледна точка на перформансите не можевме да ги надминеме и одиме без поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ