Мекларен не очекува чуда од надградбите

Зак Браун, Главниот извршен директор на Мекларен, верува дека на тимот му недостасуваат перформанси и мора да донесат надградби да се поправат. 

Мекларен имаат лош почеток на сезоната и имаат освоено само 12 поени по три трки. Тимот имаше лоша среќа во Бахреин, а подоцна и во Саудиска Арабија, но завршија во двојни поени во Австралија каде Норис смета дека најголемата слабост им била брзината на правците. 

Зак Браун изјави дека планот на тимот бил да го средат проблемот за наредните трки бидејќи тоа ќе биде критично во Баку каде има многу долг правец. 

Очигледно мора да ја намалиме загубата на правците и да имаме повеќе потисна сила. тоа е очигледно и мислам дека во Баку е поважно од друга патека. Тоа ќе ни помогне во некои свиоци – посочи америкацот.

Браун  изјави дека тимот ги промашил целите пред сезоната, а техничкиот директор Џејмс Кеј го напушти тимот. Давид Санчез ќе се приклучи на тимот од Ферари и се чини дека ќе се подобри формата ,но сепак, Браун предупреди дека нема да има големи промени на краток рок. 

Сигурен сум дека нема да се случи ништо преку ноќ, но ќе се обидеме да одиме напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ