Мекларен не се загрижени за техничката директива

Мекларен се среќни со новата техничка директива која стапува на сила претсојниов викенд во Белгија. 

ФИА донесе директива која има цел да го намали потскокнувањето и со тоа да го заштити возачот од здравствени проблеми. Иако се планираше да биде воведена во Франција. сепак се одложи за СПА. Болидите ќе бидат прегледувани од ФИА и тимовите мора да бидат во одредени параметри. 

Сепак, тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, изјави дека нема проблеми со функционирањето. 

Се работи за техничка директива од Спа и не сум воопшто загрижен, всушност сум пресреќен. Важно е дека ги проследија барањата за безбедноста – изјави германецот.

Наредната година се очекуваат промени во правилата околу овој проблем со кревање на страниците на подото и дифузерот. Тврдоста на дифузерот ќе мора да се зголеми и ФИА ќе донесе нов сензор за поефикасно да се следи потскокнувањето.  Новите правила за 2023 година предизвикаа негодувања во падокот поради доцното претставување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ