Мекларен очекуваат напредок во Франција

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, потврди дека тимот носи надградби за Француското Гранд При, новини со кои ќе има повеќе потисна сила во болидот. 

Тимот сака да ги искористи шансите и да се приближи до Алпин кој е доста конкурентен на последните неколку трки и сега има домашна трка пред него. Големите надградби се однесуваат на подотот, страничните делови и задните сопирачки. 

Важно е да го искористиме позитивниот моментум – вели сеидл.

Тимот сака константни резултати, а Сеидл верува дека е можно да го направат тоа. Доколку се покажат како добри надградбите, тоа е можно, но не е гаранција. 

Тоа ни недостасува. Перформансите многу ни варираат од патека до патека. Алпин не престаса на последните трки со стабилност и надградби.

Проблемот од првиот дел на сезоната го решивме и почнавме со агресивен развој. Имаме напредок кај потисната сила, но тешко е се да се поправи во едн дел. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ