Мекларен планира надградба уште во Бахреин

Трофејниот тим од Вокинг, Мекларен, веќе ја подготвуваат првата надградба на болидот кој се очекува уште во пресрет на првата трка во Бахреин.

Болидите за 2022 година се дизајнирани според нови технички правила со цел да се приближи тркањето, олесни следењето и зголеми претекнувањето. Од Мекларен изјавија дека лимитираниот буџет и новите правила бараат друг пристап кон правење на болидот.

Сега правиме резервни делови. Се работи за културна смена која треба да ни дозволи поголема флексибилност за надградби. Тешко е да се прави замена бидејќи имаме помал број на делови за МЦЛ36 отколку што имавме за МЦЛ35. Мора да имаме доволно делови за да може да ги возиме болидите.

Сакаме да имаме повеќе опции за конфигурирање. Соработуваме со инжинерите за да видиме колку опции ќе имаме за користење и мора секоја фунта да ја користиме паметно – изјави пјерс тин од Мекларен

Новиот болид ќе биде презентиран на 11 Февруари пред тестот на 23 Февруари во Барселона.

Знаеме дека перформансите се важни уште од првата трка и можеби ќе имаме надградба на првата трка. Една од причините е дека сакаме болидот да еволуира.

Нема награда ако имаме шест подови и предни крила на првата трка. Ќе имаме различен пристап годинава кон производството за да имаме аеродинамичка еволуција. Тоа ќе биде клучно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ