Мекларен размислуваат за нов мотор од 2026

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, потврди дека тимот прави проценка на можноста да ја прекине соработката со Мерцедес и да зема мотор од нов производител од 2026 година.

ФИА неодамна откри дека дури шест производители ќе бидат присутни на гридот од 2026 година и новите правила за моторите, а еден од нив е и јапонска Хонда, компанија која иако се обврзала да доставува мотор во спортот, нема тим со кој би работеле.

Браун посочи дека Мекларен се задоволни од партнерството со Мерцедес, сепак разгледуваат и алтернативни опции.

среќни сме и задоволни од мерцедес, но имаме време да одлучиме што сакаме од 2026 година и понатаму. возбудливо е што формула 1 ќе има толку мнгоу доставувачи на мотори. тоа го покажува вистинскиот раст на спортот.

андреа и јас сме во постапка на ревидирање и анализирање, не се брзаме никаде затоа што сме задоволни од мерцедес и ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите оваа и следната година пред да донесеме одлулка – откри американецот.

Мекларен ја обновија соработката со Хонда во 2015 година кога јапонците се вратија во тркачката серија по пауза од шест години. Од партнерството се очекуваше многу, налик на успехот кој го имаа во доминантниот период од 1988 до 1991 година, но моторите од Сакура разочараа, така што соработката прекина по три години во кои не освоија ниту еден подиум и имаа небројани проблеми со издржливоста.

Потоа Мекларен се префрли на Рено, а од почетокот на 2021 година се со Мерцедес. онда продолжи најпрво како снабдувач на Торо Росо, а потоа и на Ред Бул со кои освоија три титули последните две години. Јапонците официјално се откажаа од спортот по крајот на 2021 година, но беа присутни во Ред Бул и така ќе остане до крајот на 2025 година.

Ред Бул Пауертреинс од 2026 година ќе работат на мотор заедно со Форд, така што “биковите“ имаат свој мотор, а Хонда секако ќе бара алтернатива, а Мекларен изгледа како добра опција за нив.

Долгогодишниот шеф на Мекларен, Рон Денис, знаеше да каже дека шампионска слава за тим кој не е фабрички повеќе не е можно во Формула 1, така што со Хонда, тимот дефакто би бил фабрички.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ