Мекларен свесни дека треба да се адаптираат на Рикардо

Во Мекларен се свесни дека треба да се адаптираат и да одржат високи стандарди кога Даниел Рикардо ќе стане нивни член од почетокот на следната сезона.

Саинз и Норис, возачите кои ги одработија последните две години во екипата од Вокинг беа големи конкуренти на патеката, но одлично се сложуваа, надополнуваа и соработуваа за доброто на екиата. То му помогна на тимот да стигне до одличното 3то место кај конструкторите оваа тркачка сезона.

Доаѓањето на Рикардо ќе значи многу за тимот, а од Мекларен очекуваат односот на Дани со Норис да биде сличен на оној кој Ландо го имаше со Карлос Саинз.

за мене најважно е да ги зачуваме условите кои ги созддеовме за да овозможиме највисоко ниво на соработка помеѓу карлос и ландо. но, не е само до зачувувањето на тие услови, туку истите треба и да ги адаптираме затоа што даниел не е карлос и неговиот однос со ландо ќе биде поинаков.

можеби ќе биде слично, но нема да биде исто и мораме да размислиме на тоа и да ги задржиме стандардите. по две годиин тркање со изедначени возачи како карлос и ландо, ни покажавме квалитети на врвна екипа во спортот. одиме кон 2021 година со многу возбудлив и моќен тандем возачи – најави андреа стела, одговорниот за перформанси во тимот.

Техничкиот шеф на тимот, Џејмс Кеј, има искуство од работата со Даниел Рикардо во Торо Росо во 2012 и 2013 година и очекува австраијанецот да биде важно средство на екипата.

тој е одличен возач за соработка, има многу големо искуство и знаење од последниит пат кога соработувавме така што очекувам да е многу подобар од тогаш во однос на тоа што ќе го донесе во екипата.

доаѓа како докажам победник и некој кој може да се бори со најдобрите возачи во спортот. даниел е многу лесен за соработка и многу решен да донесе резулати, а во исто време носи позитивна енергија во секоја екипа.

тој ќе биде одличен репер за нас и заедно со ландо ќе имаме еден од најсилните возачки тандеми на гридот – смета кеј.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ