Мекларен сеуште не добиле финансиска помош од Либерти

Бидејќи спортот е моментално е на пауза, веќе се чувствуваат финансиските потешкотии во Формула 1.

Со цел да се справат со првичните грижи околу ситуацијата, Либерти Медиа обезбеди финансиска помош за тимовите, во вид на авансна исплата на парите од наградниот фонд. Минатата недела првичните исплати требаше да бидат направени, но сеуште не е јасно кои тимови ќе бидат дел од овој помошен пакет.

Во секој случај, Мекларен не е една од тие, потврди извршниот директор, Зек Браун.

Не сме добиле никаква финансиска помош. Сеуште погледнувам кон секоја порака во моето сандаче, но мислам дека нема ништо.

Овој чекор ја покажува ургентноста која спортот ја гледа кај некои екипи. Мило ми е што ќе интервенираат и ќе им помогнат на екипите. Секој кој ќе позајми пари, всушност позајмува само време.

Ако немаме трки годинава, финансискиот импакт ќе биде ужасен за сите тимови во Формула 1, како и за секој индустрија, доколку е затворена цела година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ