Мекларен со голем број вработувања поради лошите перформанси

Мекларен минатиот месец го објави потпишувањето на поранешниот шеф на концептот за возила на Ферари, Давид Санчез.

Драматичниот притисок на Мекларен да се врати во предниот дел од гридот секако се засилува, со тоа што тимот од Вокинг го објави потпишувањето на шефот на аеродинамични перформанси на Астон Мартин, Мариано Алперин. Извршниот директор на Мекларен Рејсинг, Зек Браун, секако не губи време, откако објави дека ќе се изврши огромно реструктуирање во Вокинг.

Според Motorsport.com, Мекларен има склучено договори со 15 нови вработени, од кои сите ќе работат под одделот за аеродинамика на тимот. Извештаите наведуваат дека британската екипа потпишала клучни фигури од Астон Мартин, Ред Бул и Ферари, демонстрирајќи ја намерата на Браун да ја промени 2023 година.

Минатата недела Мекларен го објави заминувањето на техничкиот директор, Џејмс Кеј и го доведе сега веќе поранешниот шеф на концептот на возила на Ферари, Давид Санчез, кој ќе му се приклучи на тимот во 2024 година по период на задолжително отсуство. Но, Санчез не е единственото ново засилување кое влезе во период на задолжителни отсуства, додека други можеа директно да се вработат во Мекларен.

Конкретно, Алперин е огромно засилување за Мекларен, со оглед на тоа што тој одигра важен дел во претворањето на Астон Мартин од тим од долниот среден ред во ненадеен фаворит. Астон Мартин е навистина единствениот тим во моментов способен да го предизвика Ред Бул, истакнувајќи ја огромната работа што ја заврши тимот од Силверстон. Пред да работи во Астон Мартин, Алперин има поминато време со екипи како БАР, Хонда и Заубер, пред да се пресели во Силверстон во 2019 година за да стане нивни шеф за аеродинамичка технологија.

Браун се надева дека ненадејното реструктуирање ќе го подигне Мекларен назад кон челните позиции, и верува дека структурата на екипата треба да се смени за да се совпадне со нивните амбиции.

Веќе некое време ми беше јасно дека нашиот технички развој не се движи со доволно брзо темпо за да се совпадне со нашата амбиција да се вратиме на предниот дел од гридот – рече Браун.

Задоволен сум што, откако го завршивме целосниот преглед со Андреа, сега сме во можност да го спроведеме реструктуирањето потребно за да ја промениме идната насока.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ