Мекларен со речиси нов болид пред летната пауза

Од Мекларен најавуваат Б-спецификација на својот болид пред почетокот на летната пауза со цел да ги подобрат перформансите оваа сезона.

“Портокаловите“ имаат тежок почеток на оваа сезона откако уште при промоцијата признаа дека нивниот МЦЛ60 не ги постигнал зацртаните цели. Првите новини кои треба да ја подобрат ситуацијата ќе дојдат за време на Азербејџанското Гранд При во Април, така што викендов повторно ќе се мачат со првичниот болид.

Иако во Саудиска Арабија тимот покажа силни перформанси на квалификациите и Оскар Пиастри дојде до последниот квалификациски сегмент, тие се една од двете екипи на гридот без освоени поени сезонава. По трката на Џеда тие имплементираа целосно нова техничка структура под директна контрола на Андреа Стела со цел да се надмине аеродинамичката слабост со која се соочија.

подобрувањето на перфомансите треба да почне од викендот во Баку и ќе се однесува на дел од болидот кој увидовме дела е слаб уште при промоцијата, а не бевме задоволни од тоа како сме го развиле во текот на зимата. тоа ќе биде само прв чекор.

дефинитивно ќе донесеме уште едно големо подобрување кое ќе биде насочено на останати делови од болидот, а ќе биде драстично, така што некои може да кажат и нова спецификација на нашиот пакет. очекуваме да донесеме новини и во вториот дел од сезоната по затворањето на фабриката.

имаме три главни чекори, првиот ќе го направиме во баку, а за другите не сакам да се врзувам со некој датум, еден пред паузата, друг после истата. се надеваме дека секој пакет новини ќе ни донесе неколку десетинки така што ќе се ставиме во подобра позиција за исполунвање на амбициознит ецели да бидеме топ 4 болид до крајот на сезоната – посочи тимскиот шеф, андреа стела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ