Мекларен со целосна верба и поддрка за Пиастри

Мекларен имаат целосна верба во својот млад возач Оскар Пиастри, од кого очекуваат да биде еден од најдобрите во иднина.

Австрлијанецот е еден од тројцата дебитанти на овогодинешниот грид, а дојде во Мекларен на местото на Даниел Рикардо кој замина од екипата по две тешки години. Оскар имаше силна јуниорска кариера и Формула 3 и Формула 2 титули во две последователни сезони. Следуваше период во кој беше поддршка и рзерва во Алпин, а потоа и деби на Гранд При со Мекларен сезонава.

оскар е нов во формула 1, но тој е докажан победник во јуниорските категории, а до сега одлично му оди и задоволни сме од него. неговиот талент и нивото на напредок кој го гледаме секој ден е охрабрувачки и потврда дека имаме силен проект за во иднина – посочи андреа стела, тимскиот шеф на мекларен.

Оскар ќе се трка крај одличниот Ландо Норис кој влегува во својата 5та Ф1 сезона со портокаловата екипа. Иако Пиастри има далеку помало искуство од Норис, Стела смета деа младиот Оскар многу време посветува на детали, што ќе му донесе успех.

она што не импресионира најмногу е неговата свесност за можностите додека вози. тој дава коментари дека закочил прерано на некоја кривина или прерано притиснал на педаот за гас, а инженерите го гледаат токму тоа во податоците. потоа почнува нов круг и корегира се, а за мене тоа е чист талент.

формула 1 е многу конкурентна серија и тој мора да оди по својот пат и сигурен сум дека на крај ќе биде еден од најдобрите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ