Мексико најверојатно ќе остане на Ф1 календарот и во иднина, гласат последните шпекулации кои доаѓаат од Централна Америка.
Сопсрвениците на Формула 1 сака и следната година на календарот да има 21 трка и покрај официјалната потврда за приклучувањето на холандски Зандворт и Ханои во Виетнам.
Минатата недела Силверстон доби нов договор, а следна трка која се очекува да го продолжи договорот е Мексико, така што или Барселона или Хокенхајм нема да се дел од Формула 1 во иднина..
Германски Auto Motor und Sport пишува дека веќе има некаков договор со организаторите на Мексико. Серхио Перез на кој Мексико му е домашна трка изјави:
Сеуште е рано. Слушнав нешто, но немам никаква потврда.