Мексико: Хамилтон до 100та победа за “сребрените“

Луис Хамилтон стигна до нова 83та победа во неговата Формула 1 кариера, овој пат на Големата награда на Мексико на Ерманос Родригез автодромот. Второ место за Себастијан Фетел, нешто што се случува 52 пати во Формула 1 историјата овие двајца да ги окупираат првите две позиции. Најниското место на подиумоте за Валтери Ботас, а Шарл Леклер финишираше зад него.

Стартот на трката беше одличен за возачите на Ферари откако успејаа да си ја задржат првата и втората позиција, а борбата беше зад нив. Верстапен беше преагресивен и имаше контакт со Луис Хамилтон, а потоа не можеше да најде ритам неколку свиоци. По крајот на првата обиколка, Хамилтон „падна“ на 5то место, а Макс на 8мо.

Кругот број 5 беше моментот кога Макс ја загуби трката откако реши во стадионскиот дел да го нападне Ботас, а немаше позиција за тоа. Следуваш контакт по кој Верстапен заврши со дупната гума со која мораше да комплетира цел круг пред да влезе во бокс по хад гуми. Од 5от до 71от круг Верстапен возеше со истите гуми и успеа да заврши ан 6то место.

Валтери Ботас исто така назадуваше во проедокот, но го мина Норис во 6от круг за 7мо место, а истиот круг го “исчисти“ и Карлос Саинз за 6то.

Публиката “збесна“ во 10от круг кога Серхио Перез го мина Даниил Квјат на Торо Росо и му го превзема 8то место.

Ландо Норис прв се реши на промена на гуми од топ 10 возачите, доби нови хард, но предната лева не беше добро зацврстена. Успеа да го свати тоа на крајот од боксовите, застана и беше истуркан “рикверц“ во гаражата на зашрафуфвање на траклото.

Александер Албон кој беше 3ти влезе по свежи медиум во 15от круг и го “повлече“ Шарл Леклер да го направи истото круг подоцна, исто така менувајќи од жолти на жолти гуми. Албон беше 3ти пред да влезе во бокс, а промената го чинеше 3 позиции, додека Леклер “падна“ од прво на 4то место.

Луис Хамилтон промени гуми во 24от круг, доби хард и веднаш изрази сомнеж преку тимското радио оти промената била напраена прерано. Актуелниот шампион беше на второ место кога влезе во бокс, а излезе како 4ти зад двете Ферари и колегата Ботас.

Кругот број 31 беше моментот кога Макс Верстапен стигна до поени со претекнувањето на Карлос Саинз за 10то место.

Валтери Ботас од второ место промени гуми во 37от круг и загуби позиции од Леклер, Хамилто и Албон, а истото по него о направи и Себастијан Фетел и од водечкото “падна“ на 4то место.

Шарл Леклер си го врати водството само 4 кругови пред да се пожали на целосно уништените предни гуми, влезе по нови во 42от круг, се задржа дури 6,2 секунди во место откако механичарите имаа проблеми со монтрање назадното десно тркало и излезе на 5то место, зад Алекс Албон. Возачот на Ред Бул влезе по гуми следниот круг и му ја препушти позицијата.

Даниел Рикардо имаше мамутски прв стинт од 51 круг пред да влезе во боксот на 20 кругови пред крајот и своите први хард ги промени со медиум.

Ландо Норис се откажа и се паркираше во гаражата во 51от круг, а 9 кругови подоцна то аго стори и Кими Раиконен што беше негово второ откажување на последните четири трки.

Возбудување имаше на последната кривина од последниот круг кога Даниил Квјат нерезонски го нападна Нико хулкенберг предизвикувајќи извртување кај германецот. Инцидентот беше под истрага и стјуардите експресно решија да доделат 10 секунди за русинот кој заврши на 9то место, а по казната е 11ти.

Александер Албон финишираше на 5то место и беше пред својот колега Верстапен, додека Чеко Перез фантастичен најдобар од останатите на домашната трка.

Шампионската титула кај возачите останува да се запечати во Америка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ