Мерцедес ги објаснија проблемите со сетирањето кај Луис во Баку

Мерцедес имале големи проблеми со сетирањето на болидот на Луис Хамилтон во пресрет на Азербјџанското Гранд При минатата недела.

Целосно нов спринт распоред беше промовиран за трката низ улиците на Баку, така што имаше само еден тренин гво Петок, а Сабота беше целосно посветена на спринтот. 

Мерцедес се решиле за различно сетирање на болидите на Луи и Џорџ во Петок, но таа идеја многу брзо ја напуштиле.

имавме само еден час тренинг во петок за добро да го поставиме болидот на патека која имаше нов асфалт за трката. однесувањето на гумите, пред се, беше непознаница и беше неочекувано.

имавме сетирање кое беше планирано да го пробаме со болидот на луис, а друго со болидот на џорџ. но, ни се случија проблеми со болидот на луис при излезот од гаража на време поради лоши параметри кои ни ги праќаше болидот. како последица на тоа, немавме време за две различни сетирање и правење споредби помеѓу нив.

сеуште не знаеме дали го направивме вистинскио избор или не. но, беше исто за сите, истиот формат го работеа сите екипи и беа соочени со исти предизвици – објасни главниот технички директор, мајк елиот.

Луис ја заврши трката на 6то место, две позиции пред Расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ