Мерцедес го враќа црниот болид во акција со В14

Мерцедес го покажаа својот болид за сезоната 2023 година кој ќе биде целосно црн во обид да ја намали својата тежина.

На дигиталната презентација денеска, Мерцедес го покажа болидот заедно со своите возачи Хамилтон и Расел, тимскиот шеф Тото Волф и резервниот возач Мик Шумахер.

Болидот ќе биде мат црн слично но различно црн од тој што го користеше во 2020 и 2021 година кога сакаа да испратат антирасистичка порака. Но сепак бојата е дел и од проектот за намалување на тежината.

Двајцата возачи ќе го пробаат болидот на Силверстон во текот на денот.

Мерцедес очекува оваа сезона да се врати во предниот ред откако имаа лоша сезона минатата година во која имаа само една победа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ