Мерцедес го одложија тестот на Гросжан

Шампионскиот Формула 1 тим на Мерцедес го одложија тестот за Роман Гросжан кој требаше да се случи на француски Пол Рикар викендов поради рестрикциите за патување помеѓу САД и Франција.

Гросжан требаше два пати да вози со В10 болидот на Мерцедес откако Тото Волф му понуди достоен крај на неговата Формула 1 кариера по ланскиот силен судар во Бахреин. Првично требаше да демонстрира со болидот на “сребрените“ од 2019 година за време на Француското Гранд При од 25 до 27 Јуни, но по поместувањето на трката тоа не беше изводливо поради неговите Индикар обврски.

Втората можност требаше да му биде на 29 Јуни на приватен тест со Мерцедес, но и то нема да се оствари поради мерките на Франција против пандемијата, што значи карантин за Роман откако од Америка ќе допатува во Франција.

Мерцедес преку својот Твитер профил извести дека тестот со Гросжан е одложен поради рестикциите и задолжителниот карантин. Екипата додаде дека бара нов дтум за да му даде можност на французинот достојно д асе прости од тркачката серија, а во комбинација е тест во текот на летото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ