Мерцедес: Доколку останеше на петеката, Хамилтон ќе завршеше без поени

Ендру Шовлин, главниот инженер на патека во Мерцедес, верува дека доколку Луис Хамилтон останел на патеката немало да освои поени на Турското Гранд При.

Хамилтон остана фрустриран поради тоа што Мерцедес го повлекоа да менува гуми на осум кругови до крајот и назадуваше од трета на петта позиција. Британецот се надеваше дека со првите гуми ќе ја заврши трката иако другите болиди менуваа гуми 20 кругови пред крајот.

Мерцедес сакале да ја намалат загубата стравувајќи од преголема деградација на крајот на трката.

Доколку се стабилизираше трошењето можеби и останеше така до крај, можеби ќе загубевме само една позиција, Но тоа беше сценарио во кое нема да има деградација.

Единствен пример за деградација ни беше Естебан. Тој извозе до крај на истите гуми. ДОколку тоа се случеше, Луис ќе беше надвор од поени – појасни шовлин.

Шовлин објасни дека промената на гуми била за да не ја загуби позицијата и од Гасли и да не се падне уште поназад во поредокот.

Ова е коцкарска дилема, што би било најдобар исход. Мораше да менува гуми за да се спречи трошењето и мислам дека ова беше најдобриот исход.

Возачот најдобро знае каков грип има. Тоа е чувство кое се стекнува со години искуство. Тешко е се да се погоди во вакви трки. Некои одлуки мора да се донесат за да може да се бориме напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ