Мерцедес имаат ситни проблеми со својот мотор

Мерцедес открија дека подобрувањата на нивниот мотор за 2020 година не биле спроведени без никакви проблеми и се појавиле некои ситни проблеми во последната фаза пред почетокот на сезоната.

Во видео клип на социјалните медиуми, одговорниот за мотори од Бриксворт, Енди Кауел, изјави дека направиле напредок, но патем имале некои ситни проблеми, сметајќи дека ако не се појават никакви проблем, тоа значи дека не се потрудиле доволно.

На 28 Јануари “сребрените“ открија дека моторот го стартуваа успешно вграден во новата В11 шасија која треба да се користи годианва.

многу работи се случуваат во бриксворт, многу подобрување на целиот мотор, на системот за повраток на енергијата и моторот со внатрешно согорување. како и секогаш, решаваме некои мали проблеми пред да се состави целината.

многу се работи на оваа тековна спецификација затоа што истата треба да се достави и до муштериите за да и тие го пробаат на своите болиди затоа што само ние за сега го направивме тоа.

потоа треба да се подготви и за тестирање. нашиот болид ќе се промовира на 14 февруари, а потоа веднаш одиме во барселона со три болиди и желба за што повеќе кругови. имаме само шест денови тестирање пред првата трка во мелбурн – потсети кауел.

Тој откри и дека инженерите задолжени за моторите кај фабричкиот тим и муштериите веќе се подготвени иако има уште до почеток ан сезоната.

голем дел од сите потребни мотори односно нивните делови се веќе произведен и склопени затоа што нивна испорака на другиот крај на светот е тешка задача. ќе биде густо да се бркаат перформанси и издржливост и да се менаџира со толку многу хардвер на најоддалечениот континент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ