Мерцедес импресионирани како Расел се справил со притисокот

Главниот за инженеринг на патека за Мерцедес, Ендру Шовлин, го истакна начинот на кој Џорџ Расел се справил со притисокот како најважен аспект од неговиот викенд на Шакир.

Расел ги имаше само Среда и Четврток да се подготви да го вози болидот на Хамилтон за петочните тренинг сесии. Тој беше најбрз и во двете, се квалификуваше на второ место позади Ботас, а потоа ја загуби победата поради грешки во боксот од тимот и подоцна пукнатина во пневматикот.

Шовлин вели дека тимот знаел колку е брз Расел, но биле импресионирани од начинот на кој притискал, знаејќи дека грешка ќе чинела многу. 

Можеби најмалку нешто што не изненади беше неговата брзина во квалификациите. Ако погледнете што прави во Вилијамс, очигледно знае како да вози брзо И знае како да го извлече максимумот.

Тоа не беше изненадување, на тоа се надевавме и бевме задоволни. Како се справи со притисокот, тоа беше најтешко да се предвиди, Но и таму беше импресивен, притисна и нападна во секоја сесија. Ризикот, ако ова е една шанса да покажете што умеете во брз болид е што може лесно да се згреши, А лесно се оставаат и впечатоци за долг период.

Но, очигледно тој не размислуваше за тоа ниту за секунда. Тој нападна, Беше самоуверен и дисциплиниран. Методски пристапи кон секој свиок. Во одреден момент, бевме под притисок. Тој остана смирен и тоа беше убаво. Очигледно е многу добар тркач.

Очигледно заврши добра работа, а на некој начин нашиот болид е полесен за возење од Вилијамс, има добар баланс, нема некои проблеми, има многу добар грип. Перформансите сепак се исто поголеми. Може да се сопира покасно, да се притисне гас порано, да се биде агресивен и болидот ќе одговара на такво возење. Потребно е повеќе од една трка да се почувствуваат сите тие работи. Нешто што Џорџ тестираше е колку доцна може да се сопира во првиот свиок и колку брзина може да се извлече во 7от и 8от.

Тој заврши добра работа. Најважно, го направи тоа без да го премине лимитот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ