Мерцедес и Луис ги сакаат Маси и Томбазис надвод од ФИА

Присуството на Луис Хамилтон во Формула 1 претсојнава сезона во многу зависи од исходот на истрагаата која ФИА ја спроведе за случувањата од последната трка, односно последниот круг во Абу Даби.,

По драматичниот крај не сезоната каде Хамилтон во последниот круг ја загуби титулата од својот конкурент Макс Верстапен, откако холанѓанецот и Ред Бул силно ризикуваа на настанот со агресивна стратегија и промени на гуми, седумкратниот првак го нема во јавноста, а не е присутен ниту на социјалнит емрежи.

Тото Волф, шефот на Мерцедес, откри дека возачот ги разгледува опциите по сето тоа што се случило во Абу Даби. Добрите познавачи на спортот тврдат дека седумкратниот првак загубил верба во ФИА, во што е поддржан и од Мерцдес и дека го чека залкучокот од истрагата на Федерацијата за да донесе одлука за оваа сезона.

Според новинар на ББЦ, Мерцедес одлучиле да не се жалат на донесените одлуки од ФИА по трката откако добиле уверување дека директорот на трка, Мајкл Маси како и главниот техничар Николас Томбазис, нема да си ги задржат своите позиции. Иритацијата на “сребрените“ од Томбазис е поради правилата донесени кон крајот на 2020 година, мали преправки на задниот дел од болидот кои го чинеа Мерцедес многу перформанси и прекинување на доминацијата.

Секако дека Мерцедес демантира дека нешто од тоа е вистина и дека имаат договор со ФИА, но факт е дека Федерацијат спроведува темелна истрага за се што се случуваше на финалето од сезоната, а Тото не пропушта да потенцира дека тие се одговорни за се.

Најголем дел од падокот смета дека Маси нема да остане директор за трка во иднина, а ФИА има потешкотии да најде негова замена. Потребни се превземање на мерки од страна ан ФИА за да се заджи Хамилтон на гридот, а секако дека заминувањето на Маси е една од нив.

Согласно актуелниот договор со Мерцедес, Луис Хамилтон треба да вози за нив до крајот на следната година, но веројатно постои некаква клаузула за предвремен раскин. Стефано Доменикали секако дека не сака да загуби возач од рангот на седумкратниот првак што би било и губиток на целата тркачка серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ