Мерцедес напорно се подготвува за Имола

Мерцедес доминираше од почетокот на турбо хибридната ера, но со новите правила тие паднаа назад на гридот и не се конкурентни. 

Иако се послаби, сепак профитираа од проблемите на другите и се наоѓаат на втора позиција во поредокот, единствено зад Ферари со заостаток од 29 поени. Главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Воуелс, изјави дека ги чека многу работа во фабриките за да се вратат во топ форма. 

Сите ги гледаат трките на телевизија, но и целиот тим. Ние работиме напорно за да се вратиме на победничките патеки и да имаме конкурентен болид достоен за титула.

Помеѓу трките многу работиме со целиот персонал. Сакаме големи промени кај болидот и сакаме да направиме надградби, но не да ги збуниме инженерите бидејќи внимаваме на тоа. Сакаме напредок кај моторот и кај шасијата – посочи стратегот. 

Следната трка е на легендарната Имола на која традиционално се носат надградби, но Вауелс признава дека тие нема да бидат сами со надградби. Тука се и Ферари и Ред Бул кои сакаат да останат напред. 

Сигурно очекуваме еволуција и кај конкурентните. Сакаме да се осигураме дека сме најмалку на минимумот. Целата работа од Мелбурн мора да се провери и подобро да се разбере. Сакаме да напредуваме и да конкурираме за титулата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ