Мерцедес најмоќен мотор на гридот, Ферари 40-тина “коњи“ помалку

Улгедниот Motorsport.com направи анализа на слината на моќта на моторите на производителите вклучени во Формула 1.

Анализата беше направена преку детален преглед на брзините, ГПС податоците, целокупната телеметрија и карактеристиките на патеките.

Фабирчкиот тим на Мерцедес врвот го достигнал на квалификациите за Големата награда на Британија кога агрегатот испорачал 1.022 коњски сили.

Според motorsport.com, втор мотор по силината е јапонскиот агрегат од Хонда кој испорачува 28 коњски сили помалку од Мерцедес. Во исто време, Хонда е 9 “коњи“ посилна од Рено.

На дното од листата е Ферари чиј агрегат испорачува 5 коњски сили помалку од Рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ