Мерцедес нема да бара возачи се до одлуката на Хамилтон

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека нема да почне со потрага по други врвни возачи за 2021 година се додека не ги дознае плановите на Луис Хамилтон.

Шпекулации се појавија кои го поврзаа Хамилтон со место во Ферари за 2021 година за време на викнедот во Абу Даби, а изворите од Италија тврдат дека Хамилтон веќе се состанал со претседателот на Ферари, Џон Елкан. На гала вечерта во Париз за доделување на наградите на ФИА, Хамилтон посочи дека Макс Верстапен е еден од повеќето ривали кои го контактирале неговиот шеф околу возачко место во Мерцедес.

Со непредвидлив возачки пазар очекуван во 2021 година, Волф инсистира дека Мерцедес нема да започне со потрага по возачи како можна замена за Хамилтон се додека шесткратниот шампион не ги појасни своите планови.

Мислам дека вредностите во тимот се лојалноста и интегритетот кои се апсолутно на прво месо. Разбирање за позицијата и целите на Луис ќе биде клучно во било каква одлука која ќе ја донесеме. Нема да започнеме со потрага на потенцијани возачи се додека не разговараме со Луис.

Тоа не се случило, бидејќи сакаме да ја завршиме сезоната и ќе видиме како ќе помине тоа. Бидејќи имаме обострана соработка, потребно е двете страни да бидат среќни – најави тото.

И Волф, чиј договор со германсиот производител истекува на крајот на 2020 година, инсистира дека нема да брза со преговорите со Хамилтон околу нов договор.

Не сметам дека има нешто особено што ќе наштети ако не донесеме одлука брзо. Знаеме дека сакаме да го имаме најсилниот тандем, имаме цела година пред нас. Мислам дека шпекулациите ќе започнат набргу. Дали ќе ја знаеме возачката постава во Април, Јули или Октомври не е важно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ