Мерцедес очекуваат лоши квалификации во Унгарија

Мерцедес очекуваат тешки квалификации во Унгарија и се плашат дека ќе имаат тешка борба во средниот ред поради карактеристиките на патеката каде нивните проблеми ќе дојдат до израз. 

“Сребрените стрели“ го имаа најдобриот резултат оваа сезона во Франција каде освоија две места на подиумот. Сепак, според главниот инженер Џејмс Вауелс, тоа нема да биде случај и во Унгарија. 

На тренинзите и на квалификациите ќе заостануваме и не значи дека ќе го трансформираме болидот за трката. Тоа од Франција се случува еднаш. Не планираме да сме толку назад на квалификациите, но сепак реалноста е друга. Со конкурентен болид е полесно да се извози трка бидејќи кога си напред си посилен, Но потребно е да сме подобри на квалификациите.

Патеки како Будимпешта ги покажуваат нашите слабости и мислам дека нема да се бориме со Ферари и Ред Бул. 

За најдобриот резултат на Мерцедес, Вауелс изјави дека покажале перформанси кои не значи дека ќе ги повторат во Унгарија. 

Сеуште сме далеку од победи и тоа ќе се покаже во Унгарија. Ние сме реални, направивме чекор напред и имаме некаков напредок, но мора да останеме на земја. Болидот е брз на трка, но не во сите услови и мора да сработиме подобро да се поправиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ