Мерцедес повеќе немаат проблем при вртење

Мерцедес успеале да излечат уште еден проблем на својот болид кој го имаа со големото мешуоскино растојание кое го користат при дизајните, нешто што носи мака при самата ротација на болидот во кривина.

Германскиот производлите по традиција одбира болид со големо меѓуоскинот растојание, а судејќи по успесите кои ги имаат, секако дека го прават вистинскиот избор.

Подолг болид носи поголема можност за подобра потисна сила затоа што има поголем протстор каде протокот на воздух може соодветно да се насочи и влијае, но тоа исто така носи потешкотија при “пеглање“ на кривините во онос на нивните покуси конкурентни, болидот на Ред Бул пред се.

Шампионот Хамилтон вели дека е изненаден што останатите екипи не го следеле концептот на Мерцедес особено по овогодинешните предсезонски тестови кога В11 покажа дека ги испеглало и слабостите во кривините.

ланскиот болид беше најдолг и дефинитивно беше изненадување кога видовме дека никој од конкрентите не го следи нашиот концепт. победуваме со најдолг болид од 2017 година, а сите тераат “по свое“ и возат со покуси болиди од нашиот.

јасно е дека подолг болид креира повеќе потисна сила, но тоа нема и свои последици. ланскиот болид беше брз во средни и брзи кривини, но беше очаен во бавните кривини затоа што едноставно не ротираше како што сакавме.

со овогодинешниот болид на зимските тестови го имавме истиот проблем така што пред себе имавме предизвик да научиме да го сетираме болидот за да ротира подобро и да немаме повеќе проблеми во бавните кривини – откри хамилтон.

Луис е возач кој сака “жив“ преден дел на болидот, но Мерцедес не секогаш му го овозможувал тоа.

секогаш см сакал позитивен преден дел на болидот, но има лимит до кој тоа може да се движи поради гумите. предниот дел има ограничвање, задниот дел исто така поради грипот. има ситуации во кои деградацијата поради топлина ви дава мал простор што може да го направите со механичкиот баланс пред да влијаете врз спротивниот дел од болидот. тоа е нож со две острици.

лани болидот беше со многу силен заден дел и тој дел беше движечка сила, додека предниот имаше доста подурпавување. се мачевме повеќе во однос на грипот на гумите и без разлика колк механички грип ќе однесевме во задниот дел, проблемот остануваше, но годинава направивме промени.

со аеродинамичкиот баланс потребно е повеќе време за промена. дефинитивно во текот на зимата го променивме и однесовме поназад, така што болидот поинаку се однесуваше и минувањето низ кривини беше под различни агли. тоа ни носи многу подобра работа сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ