Мерцедес поднесе две жалби до ФИА

Тимот Мерцедес официјално се жали до ФИА за прекршување на спортските правила според членот 48.8 и 48.12 според спортските правила на Формула 1.

Првата жалба е против Макс Верстапен поради наводно прекршување на членот 48.8 од спортските правила.

Според тој член, никој возач не смее да престаса ниту едно возило на патеката вклучувајќи го и безбедносното додека не се помине линијата за прв пат откако безбедносното возило не се врати во боксот.

Единствени исклучоци се доколку возачот не добие сигнал од безбедносното возило. Доколку е помината линијата или кога ќе се излезе од боксот пред да се стигне втората линија за безбедносно возило.

Вториот прекршок е на членот 48.12 од спортските правила за поредокот по крајот на трката. .

Доколку се смета дека е безбедно, се испраќа порака дека болидите кои заостануваат може да престасаат до сите натпреварувачи преку официјалнит систем за пораки и сите болиди кои биле престигнати од лидерот на трката ќе мора да ги поминат болидите во водечкиот круг и безбедносното возило.

Ова се однесува само на болиди кои биле престигнат во време кога ја поминале линијата за безбедносо возило на крајот на кругот и втор пат откако ќе се појави безбедносното возило.

Доколку нема временската прогноза не дозволува тогаш е забрането престасувањето и се испраќа порака дека тоа е забрането.

Претставници на тимовите треба да се јават пред стујардите во 19:45 и 20:15 според локално време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ