Мерцедес: Поради проблемите на Окон, менувавме гуми кај Луис

Мерцедес веруваат дека проблемите на Естебан Окон со потрошени интермедиа гуми се покажале како ризик кој не смееле да си го дозволат и затоа го повлекле Луис Хамилтон да менува гуми на неколу кругови пред крајот на трката. 

Речиси сите возачи менуваа гуми на 20 кругови до крајот, додека Хамилтон  не ги послуша насоките на Мерцедес да влезе во гаражата, така што остана уште некое време на патеката верувајќи дека гумите му се во добра форма. Но сепак тимот одлучи да го внесе во боксот на 8 кругови пред крајот иако беше на трета позиција и загуби две позиции по излегувањето од боксот. 

Единствениот возач кој не влезе да менува беше Естебан Окон кој заврши на 10та позиција. Неговите гуми беа целосно потрошени и тој верувал дека ќе му пукне гумата доколку извози уште еден круг. 

Главниот инженер на Мерцедес, Ендру Шовлин, објасни дека забавувањето на круговите на Окон покажало дека е ризично Хамилтон да остане со старите гуми. 

Доколку ги видите круговите на Естебан тој беше престасан од Ленс Строл на пет или шест кругови до крајот и заврши 17 секунди зад него. Толку брзо губеше време.

Го видовме тоа и моравме да реагираме. Тој губеше неколку секунди по круг и тука погреши. Ќе мора да провериме, но сепак мора да прифатиме дека ги изгубивме двете позиции.

Окон почна да тоне на крајот на трката и губеше три секунди по круг. Џовинаци за малку ќе завршеше пред Окон и смета дека му требало уште еден круг за да го стигне. Хамилтон само што почна да губи време по круг беше повикан да менува. 

Мислам дека на 10 или 11 кругови до крајот имаше доста добри времиња. Беа слични со тие на Перез кој беше зад него и наеднаш почна да губи време. Перез менуваше и ние во тоа време губевме околу 2 секунди по круг и можевме да загубиме многу повеќе. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ