Мерцедес потврдија нови делови за решавање на проблемите

Тото Волф откри дека тимот има нови делови со цел да се подобри издржливоста и квалитетот на нивниот менувач што за малку ќе донесеше откажување на двата болиди од Големата награда на Австрија.

Уште во првиот дел од трката, Ботас и Хамилтон добија инструкции да не ги користат многу тротоарите крај патеката и да не минуваат над нив поради проблемите во менувачката кутија. Проблемот бил толку голем што “сребрените“ се плашеле за двојно откажување иако на крај стигнаа до 1-2 победа, но со казна од 5 секуни, Луис Хамилтон е официјално 4ти наместо на второ место.

Џејмс Вауелс од Мерцедес потврди дека се работи непрекинато во пресрет на втората трка за да се решат проблемите на тимот со менувачката кутија.

резултатот од првата трка изгледа убаво на хартија, но реалноста е дека имавме голема среќа со самото тоа што ја завршивме трката. издржливоста и квалитетот беа проблем за нас, а безгрешна работа на болидот е секогаш наш приоритет број еден.

главниот проблем беа електричните делови на менувачот кои правеа проблеми кога се минуваше преку агресивните тротоари на ред бул ринг. проблемите ги забележавме уште во петок и веднаш почнавме да бараме решение за следната трка во фабриката. ќе имаме нови компоненти викендов со кои се надеваме дека ќе ја подобриме ситуацијата – најави вауелс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ