Мерцедес продолжува со надградбите

Мерцедес ќе продолжи со развојот на својот болид и покрај тоа што донесе втора верзија од болидот во Монако. 

Мерцедес ги донесе големите надградби во Монако иако беа планирани за Имола во обид да се вмеша во борбата со Ред Бул. 

Џејмс Алисон ги потврди новите надградби. 

Секако знаеме дека сме поназад и во Монако донесовме надградби, но сакаме да ги пробаме на нормална патека. Работиме паралелно на повеќе нови работи и во Барселона ќе донесеме уште неколку. Мислам дека имаме достоен пакет со кој ќе може да работиме до крајот на летната пауза и понатака. 

Луис Хамилтон заврши на четврта позиција со Расел зад себе и двајцата пред возачите на Ферари. Алисон потврди дека е прерано да се зборува за надградбите. 

Би рекол дека е прерано за да видиме каков удел ќе имаат на перформансите бидејќи тоа не може да се процени во Монако. Немавме начин за добри квлаификации и трката не беше чиста. Но возачите беа задоволни. Болидот беше добар при кочење. Сега мора да ги разгледаме податоците од сензорите и да видиме дали е се во ред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ