Мерцедес сака да вградува МГУ-Х во патнички автомобили

Мерцедес сакаат да почнат да го вградуваат непопуларниот топлински МГУ-Х топлински дел од Системот за повраток на енергијата во патничките автомобили.

Преговорите за отстранување на МГУ-Х од Формула 1 моторите се преговара веќе некое време помеѓу производителите затоа што истиот е многу сложен и чини многу пари, поради што е цел на доста критики. Сепак, Мерцедес во својот мотор кој освои шест последователни шампионски титули во серијата, немале проблем со својот топлински дел и поради тоа сакаат да ја прошират неговата примена.

Германците почнале да развиваат патничка варијанта на делот од Системот за повраток на енергијата, но истиот треба да работи малку поинаку одошто во Формула 1 моторите. Планирано е поставување на нов електричен турбо полнач за издувни гасови и истиот да работи на 17.000 вртежи кој ќе го регулира издувниот гас и на тој начин ќе допринесува со моќ.

нашите цели се јасно дефинирани како и целта кон електрификација. со цел да стигнеме до нив, се обидуваме дискретно да воведуваме високо технолошки компоненти. со мгу-х стратешки ја подобруваме нашата модуларна технологија и ги кроиме нашите перформанси согласно барањата.

првиот чекор вклчува електричен турбо полнач, пример за трансфер од формула 1 кон патничките автомобили, нешто со што ќе ги однесеме моторите со внатрешно согорување и турбо полнач на претходно невидено ниво – најави тобиас моерс првиот човек на амг одделот на мерцедес.

Хибридниот дел се очекува да го подобри забрзувањето и одговорот на саиот мотор при притискање на педалот за гас, како и намалување на заосанувањето на турбината. Исто така ќе се постигне и повисок влечен момент при пониски вртежи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ