Мерцедес си поставија рок пред да прифатат пораз

Мерцедес возеа во средниот ред на Имола додека Ред Бул и Ферари се бореа за пол позиција и победа.

Мерцедес заостанува 50 поени зад Ферари откако нивните возачи отпаднаа во К2 и Луис Хамилтон не освои поени. Хамилтон ја помина целта на 13та позиција со круг помалку од Верстапен, додека Џорџ Расел заврши на 4то место. Ендру Шовлин, главниот инженер на патека кај “сребрените“ го пофали Расел кој му донесе поени на тимот.

Џорџ беше одличен и успеа да ни донесе доста поени со четврта позиција по разочарувачкиот викенд. Имаше добар старт и успеа да се справи со променливите услови.

Имавме проблем со подесувањата на предното крило, но сепак заврши импресивно задржувајќи го Ботас зад него. Сепак поради подуправувањето тој не можеше да се доближи до Ландо Норис.

Хамилтон заглави зад Гасли и не можеше да напредува.

Луис имаше тежок викенд. Стартот беше добар и отиде понапред, но не можеше ништо да направи во наредните 44 кругови откако заглави во ДРС воз.

Шовлин признава дека Мерцедес има уште две трки пред да се откаже од борбата со Ферари и Ред Бул.

Знаеме до каде сме во моментов и што треба да направиме. Имаме големи проблеми со болидот кои треба да се поправат и времето станува веќе критично. Мора да одиме напред на наредните две трки доколку сакаме да се бориме со лидерите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ