Мерцедес сметаат дека биле втора најбрза екипа во Мелбурн

Од Мерцедес сметаат дека го имале вториот најбрз болид на гридот на Австралискто Гранд При.

“Сребрениет стрели“ стигнаа до својот прв подиум во Мелбурн, благодарение на Луис Хамилтон, а Џејмс Алисон смета дека во моментов се пред Астон и пред Ферари.

некако тивко сме задоволни што напреднавме со болидот во однос на перформансите колку што можевме. штета што џорџ не можеше да го искористи силниот болид и да стигне до крајот откако имаше одлични перформанси цел викенд. не најдовме некакво големо откритие, намалуваме од заостатокот зад ред бул и почнуваме да правиме предност во однос на мерцедес и на ферари – посочи алисон.

Многу се зборува за концептот со минимални странични делови на Мерцедес од кој “сребрените“ се мачат да извадат перформанси. Тото Волф најави дека на следните трки ќе има видливи промени кај В14, а дури се зборува и за целосно нов концепт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ