Мерцедес со објаснување за фрустрациите на Хамилтон

Мерцедес ги објаснија фрустрациите кои Хамилтон ги искажа преку тимското радио кога изјави дека тимот го ставил во многу тешка позиција на Австралиското Гранд При.

Кон крајот на трката во Мелбурн, седумкратниот првак беше на прагот за заврши на 4то место кога јави на неговиот инженер Боно дека екипата го ставила во многу тешка позиција. Не беше веднаш јасно на што цели Хамилтон во моментот додека возеше зад својот колега Џорџ Расел кој на крајот освои подиум.

За време на интервјуата по крајот од трката, тој посочи дека пораката била насочена затоа што бил приморан да менаџира со температурата на моторот.

не можев да се борам за 3то место затоа што моторот рпгревашр и морав да забавам и да се повлечам – изјави луис.

Во своите појаснувања за трката по крајот на истата, Мерцедес дополнитено ја објаснија ситуацијата:

се работеше за ладењето на моторот и држење на истиот ладен во остатокот од трката. приситкавме до лимитот и како што тогаш бидува, проблем е ладењето на моторот за што служат отворите на болидот, а како што знаете, кај нас тие отвори се многу мали.

донесовме одлука во сабота, но трката беше во недела 24 часови подоцна кога стана потопло неколку степени и тоа ни донесе проблеми. како резултат на тоа, имавме проблем со ладењето, но и некои други екипи го почувствуваа истото со својот мотор.

за време на трката и самото следење на болид го загрозуваше ритамот на луис што значи дека немаше доволно воздух за да се олади моторот, воздух кој требаше да влезе од пред него и да ја намали температурата. кон крајот на трката стана многу тешко и затоа тој се поажли – изјави џејмс вауелс, главниот стратег во тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ