Мерцедес со објаснување на долгата серија на Хамилтон

Главниот инженер на патека кај Мерцедес, Ендру Шовлин, ја објасни стратегијата на тимот со долга прва серија за Луис Хамилтон што му дозволи на актуелниот првак да ги мине двајцата конкуренти пред себе преку бокс и да победи на трката.

Валтри Ботас и Макс Верстапен, кои беа пред Хамилтон, променија гуми порано, а Луис одлучи да остане на патеката долго со првите гуми со кои стартуваше. На тој начин успеа да ги мине двајцата преку боксот, но имаше помош и од виртуелното безбедносно возило поради кое промената на гуми му загуби драстилно помалку време.

Трката на Ботас беше загрозена уште во вториот круг кога со болидот мина преку голем дел откинат од предното крило на Себастијан Фетел. Делот се заглави за подот и му носеше огромни загуби во потисната сила на финецот.

во текот на првата серија внимателно анализиравме што се случува со макс верстапен. јасно е дека беше во позиција во која може да го загрози валтери ботас и поради тоа му рековме да притиска силно и да направи предност. сметавме дека 2,5 секунди беше доволно за да се заштити и да не биде минат преку боксот.

така, го чекавме макс да направи прв потег и прв да промени гуми, за ние да влееме по него и на тој начин да се заштитиме. тоа е важно затоа што ако немате голема предност, тогаш не можете да имате долга прва серија, тоа е ризик.

кога макс влезе во боксот веќе решивме дека следниот круг тоа ќе го стори и валтери, веќе беше дискутирано и одлуката донесена. истото го зборувавме и утрото пред трката знаејќи како да реагираме доколку се наоѓа за нас.

луис го наследи водството и мислам дека секоја екипа би го направила тоа што ние го направивме со него затоа што одлуката беше очигледна, се обидовме да извлечеме максимум од неговата стратегија. правилна работа беше да го држиме надвор и да вози колку што може подолго, а не да го сопреме веднаш и повторно да остане зад валтери и зад макс.

остана подолго и два пати имаше корист, еднаш од виртуелното безбедносно возило кога имаше многу помалку загубено време при промената на гуми, а втор пат тоа што направи предност од новите гуми споредено со тие на двајцата негови конкуренти кои застанаа претходно. на тој начин можеше и со борба да ги одбие нивните напади.

валтери одамна имаше проблем со заглавениот дел од болидот на ферари во неговиот болид со што губеше многу потисна сила и тоа го чнеше перформанси и време. луис можеше да вози побрзо од валтери и макс – објасни шовлин.

Со победата на Имола, Луис го зголеми водството во возачкиот поредок на 85 поени пред Валтери Ботас и стигна до својата 93та победа во кариерата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ