Мерцедес ќе работи “турбо“ во наредните четири недели

Мерцедес споделија детали околу нивниот план за справување со недостатокот на перформанси споредено со Ред Бул пред трката во Баку. 

Нивниот болид не ги исполнува очекувањата и тимот вети дека целосно ќе го промени дизајнот на болидот за да ја намали разликата со Ред Бул. Техничкиот директор, Џејмс Алисон, се надева дека неодамнешните откритија ќе ги претворат во надградби пред трката во Баку. 

Работиме напорно да најдеме потисна сила и тоа што го цртавме да го направиме во вистински делови како надградби кои треба да ни донесат перформанси на патеката. 

Двајцата возачи пробуваа различни конфигурации за да извлечат перформанси од болидот и чекаат надградби за да стекнат повеќе самодоверба. 

Ќе работиме да донесеме механички делови на болидот како и различни делови од суспензијата за да го средиме балансот кој ќе им даде самодоверба на возачите да одат до лимитот.

Работиме на симулации кои ќе ни дозволат да се подготвиме за викендот со трка и болидот да биде спремен. Се надевам дека ќе бидеме силни и ќе се покажеме во Баку за неколку недели. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ