Мик има шанси да биде резерва во Мерцедес

Доколку го загуби свото тркачки место во Хаас, Мик Шумахер може да стане резерва во фабричкиот тим на Мерцедес.

Германски Auto Motor und Sport пренесува дека за германецот имало интерес од екипата од Бракли кои од поодамна се заинтересирани како резерва да го земат Даниел Рикардо откако го загуби местото во Мекларен за следната година.

Во Хаас, конкуренција на Мик е неговиот сонародник Нико Хулкенберг, а екипата веќе го потврди и го има на повеќегодишен договор данецот Кевин Магнусен.

Весникот пренесува дека и фабричкиот тим на Алпин се заинтересирани да го земат Шумахер кај себе како резерва откако го загубија својот штитеник Оскар Пиастри во Мекларен за следната година.

Мерцедес не се нови во семејството Шумахер затоа што легендарниот Михаел, татко на Мик, се врати од пензија за да вози за нив кога “сребрените стрели“ се вратија на патеката и се шпекулира дека токму неговото искуство го развило болидо со кој Хамилтон доминираше во спортот долги години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ