Мик незадоволно врати на советот на Берни

Мик Шумахер незадоволно му врати на советот на Берни Еклстон кој тврдеше дека Хаас нема да му го продолжи договорот и советуваше да се обиде во други тркачки серии.

92-годишникот во своето последно интервју за германски РТЛ посочи дека според него, 23-годишниот германец ќе го загуби своето место на гридот. Хаас преку шефот Стаинер посочија дека по Бразилското Гранд При ќе ја расчистат иднината на возачот и ќе го објават својот двоец за 2023 година.

мојот план е да останам во формула 1.

во врска со советот на берни сакам да му кажам дека е тешко да се зароави формула 1 затоа што премногу ја сакам оваа тркачка серија и нема да го направам тоа.

секој си има свое мислење за се, но мене не ми е грижа мислењето на другите, ги слушам само оние кои ги сакам – изјави мик од падокот на интерлагос.

Запрашан кои се оние кои му се најблиски, возачот одговори:

секако тоа е моето семејство и уште неколку луѓе во формула 1, како на пример себастијан фетел. нивното мислење ми е важно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ