Мик: Ни треба поедноставен начин за следење на границите

Мик Шумахер смета дека Формула 1 треба да имплементира поедноставен начин за следење на границите на патеката за време на тркачки викенд.

Младиот германец не успеа да мине во вториот квалификациски сегмент во Франција откако му беше избришано најбрзото време поради надминување на границите на патеката н 3та кривина. Така, Шумахер ја заврши сесијата со 19то постигнато време, но утре ќе тргне како 17ти поради казната на Магнусен и Саинз.

Пред две недели во Австрија, Серхио Перез беше казнет за прекршување на границите на патеката во средниот сегмент и покрај тоа што напредуваше до последниот и имаше пласман, но беше под истрага по крајот на сесијата.

најголем дел од возачите не се согласуваат дека кругот на чеко требаше да биде поништен на ред бул ринг. но, правило постои и мораше да биде исто применето за сите.

за жал јас денеска ги минав границите на патеката, но сакам да кажам дека мораме да најдеме поедноставен начин, нешто што ќе ни остави повеќе простор.

ако поставиме столпче, тоа ќе летне ако се удри, но ако сеуште остане на место, значи е добро – даде идеја мик.

Возачот на Хаас посочи дека возел по истата тркачка линија во 3та кривина за време на сите тренинг сесии и немал избршиано време.

ќе беше убаво за време на тренинзите да добиев опомена за да знаме дека не смеам така, но никој не ми кажа, а секој круг минував на тој начин. поради тоа ми беше избришан кругот на квалификации, можеби ќе беше добро да добиев предупредување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ