Мик призна дека имал недоразбирање со Стаинер

Мик Шумахер призна дека имало тензија и недоразбирање помеѓу него и неговиот шеф, Гунтер Стаинер, кога не освојувал поени, но свесен е дека сето тоа е дел од вообичаените фрустрации.

Долго време германецот се мачеше да дојде до топ 10 пласман, по што Гунтер ги обвини медиумите дека вештачки создаваат тензија помеѓу него и возачот и посочи дека во екипата се е во ред. На Бртианското Гранд При му се посреќи на германецот и стигна до 8мо место, а една недела потоа и до 6та позиција во Австрија.

постоеше тензија, но тоа е нормално со оглед на ситуацијата. сите сакавме да освоиме поени и недостатокот на тоа создаде фрустрации, го разбирам тоа во целост.

на џеда болидот беше искршен, а тоа е нешто многу скапо, разберете го тоа, но очигледно е дека тоа не мотивираше повеќе. не се обесхрабривме, туку се збложивме и поради тоа дојдовме до добри резултати во последно време – посочи шумахер.

Во пресрет на поените, германецот донесе навистина огромен трошок на име штета од судари за тимот по голеимот судар на Саудиското Гранд При, имаше голема штета и во Монако која се проценуваше околу 2 милиони долари. 

ме зачуди како излегоа работите во монако, мислев дека е само мал судар, но штетата беше огромна, веројатно поради аголот под кој се удрив и секако структурите за амортиација на ударот. ударот на џеда беше далеку поголем.

но, тие работи поминаа и се зад нас, но ме направија тоа што сум денеска, ги оставив зад нас и сакам д ги заборавам што поскоро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ