Мик Шумахер е нов Европски Формула 3 првак

По последниот тркачки викенд во Европската Формула 3 тркачка серија одржан во германски Хокенхајм, Ммик Шумахер е крунисан за нов првак. По 5те последователни победи на минатите два тркачки викенди, Мик пристигна како лидер во поредокот и на крајот согласно очекувањата освои титула.

Првата трка во Сабота наутро, германецот ја заврши на 12то место, не освои поени, по што славата почека. Победи неговиот колега Жу, штитеник на Ферари, пред исто така неговиот колега Роберт Швварцман, додека конкурентот за наслов, Даниел Тиктум беше 5ти.

Втората трка во Сабота попладне беше многу подобра, Шумахер заврши на 2ро место, зад Випс, додека неговиот конкурент Тиктум беше 7ми, со што титулата во Сабота и математички беше обезбедена.

Последната трка во Недела наутро, повторно Шумахер на 2ро место, зад својот колега Роберт Шварцман. На крајот на тркачкиот викенд, Мик Шумахер е првак со 57 поени предност во однос на Тиктум.

Тешко е со зборови да го опишам тоа што го чувствувам. Благодарен сум што можам да го преживеам овој момент и овој сон за мене. Го работам она што го сакам, одличен сум во тоа и подобро чувство не можам да имам.

Го имам тимот на Према и менаџерката Сабине Кем зад мене и поради тоа можам да уживам – беше кус, но полн со емоции Шумахер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ