Мик Шумахер и годинава во Формула 3

Мик Шумахер ќе вози во Европската Формула 3 серија и оваа година за италијанска Према. 18-годишниот син на легендарниот Михаел, ја заврши својата прва Формула 3 сезона со пласман на 12то место како најдобар дебитант зад шампионот Ландо Норис и Џехан Дарувала.

Италијанска La Gazzetta dello Sport пишува дека деталите околу новиот договор на Мик со Према треба да бидат договорени следните неколку денови. Лука Балдисери, главниот на Академијата за млади возачи на Ферари, има активна улога во менаџирање на кариерата на младиот Мик.

Беше многу емотивно да се работи со синот на Михаел кој на многу начини ме потсетуваше на татко му. Неколку пати дури и му се обратив со Михаел на радиото – откри Балдисери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ