Мик Шумахер со две победи и едно второ место во Австрија

Мик Шумахер продолжува да ја растура конкуренцијата покажувајќи се во фантастично светло на Формула 3 викандот во европската серија која се одржа во Австрија. Германецот победи на првите две трки (сабота попладне и недела наутро), а на последната одржана денеска попладне беше втор, зад Роберт Шварцман.

Со денешното второ место заврши неговата низа од 5 победи по ред, во пресрет на трката во Австрија имаше 6 победи на 10те последни трки, додека по овој викенд има 8 победи на 13те последни трки. Неговиот најголем конкурент, Даниел Тиктум, на првата трка беше 8ми, втората не ја заврши, а на третата финишираше како 4ти.

Мик дојде во Австрија со 3 поени негатива во однос на Тиктум, а си оди со 329 поени, дури 49 повеќе од штитеникот на Ред Бул. Неговиот Прима теодор Рејсинг ја освои 8та последователна титула во оваа тркачка серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ