Мик Шумахер 3 од 3 на Нирбургринг

Во доминантен стил карактеристичен за неговиот татко Михаел, Мик Шумахер победи на сите три трки во Европската Формула 3 серија кои викендов се возеа на Нирбургринг. За прв пат оваа Формула 3 сезона се случува еден возач да победи на сите три трки во еден тркачки викенд.

19-годишникот ја почна првата трка во Сабота од второ место откако пол позицијата ја освои неговиот тимски колега и штитеник на Ферари, Роберт Шварцман. Но, го мина русинот на патеката и победи.

На втората трка во Недела наутро тој тргна од пол позиција откако го победи Шварцнам во боба за истата и победи откако стартуваше од најдоброто место.

И третата трка во Сабота попладне ја почна од пол позиција, повторно беше предизвикан од Шварцман на стартот, но успеа да победи со 5 секунди предност.

Германецот заминува од Нирбургринг со максимални 75 поени што го подигна од 4то на 2ро место во возачкиот поредок со само 3 поени заостаток зад Дан Тиктум, штитеникот на Ред Бул.

До крајот на сезоанта има уште два тркчки викенди пред да се одлучи шампионатот, првиот е на 22-23 Септември на Ред Бул Ринг, а затворањето на сезоната е на 13-14 Октомври на Хокенхајм.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ