Монтоја ја поздрави стратегијата на Ред Бул за нови подобрувања

Хуан Пабло Монтоја го поздрави тајмингот на подобрувања на Ред Бул во Бахреин, а тимот на Макс Верстапен чекаше до последниот ден од тестирањето за да им даде на своите ривали помалку време и можност да го копираат нивниот дизајн.

Додека Мерцедес пристигна на патеката Шахир за предсезонскиот тест со целосно нови страници на В13 болидот уште на првиот ден, Формула 1 мораше да чека за големото подобрување на Ред Бул. Иако беше кажано дека ќе имаат значителна надградба, дури третиот и последен ден тие дебитираа со своите нови странични подлоги и нов под. Макс Верстапен постави најбрзо време на круг за повеќе од седум десетинки во однос на Ферарито на Шарл Леклер.

Поранешниот колумбиски Формула 1 возач изјави:

Кога прописите се менуваат толку многу, некој ќе сфати нешто подобро од сите други. како што видовме низ тестирањето, тие чекаа до последен момент за да ги изнесат сите работи.

Го погледнавте Мерцедес во Барселона, тие изгледаа прилично добро со големи странични подлоги. Потоа тие се појавуваат на следниот тест и ги нема страничните подлоги. Навистина тесен болид кој изгледа неверојатно.

Потоа гледате во Ред Бул дека објавија ново подобрување, потоа ново подобрување и ново подобрување, само за да се уверат дека ќе пробаат сè во последен момент.

Како што го гледаат, секој ќе фотографира и секој ќе изгради таков дизајн во воздушните тунели за да види како функционира во споредба со нивната програма и нивните идеи. Значи, колку помалку денови им дадат на тимовите да ги пробаат работите, толку е подобро – посочи хуан пабло.

Како такво, не е ни чудо што Монтоја верува дека Верстапен е фаворит за победа на Големата награда на Бахреин овој викенд. Тој предвидува дека актуелниот светски шампион ќе ја започне одбраната на титулата на прво место, Џорџ Расел ќе блесне за Мерцедес и дека Шарл Леклер има голема задача пред него.

Мојот избор, моите пари би биле на Ред Бул. Да беше за победа, веројатно би го ставил Ред Бул со Макс. Џорџ со Мерцедес ќе изненади повеќе од кој било друг.

Две работи ќе се случат во Ферари, или Шарл може малку да се врати или разликата ќе стане поголема до Карлос. Затоа што на крајот на денот, тоа е ментална војна. Да, вие сте колеги, соработувате еден со друг, но сепак сакате да го победите.

Ако почнете да одите на трки за време на викендите и секоја недела ве поразуваат, тоа е навистина тешко. Да бев обложувач, моите пари ќе беа на Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ