МотоГП, Муџело: Прва победа за Лорензо со Дукати

Хорхе Лорензо ја обезбеди својата прва МотоГП победа откако премина во екипата на Дукати со доминантна форма на Италијанското Гранд При во Муџело, додека лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез излета во трката.

Од втората позиција на стартниот грид, Лорензо го превзеде водството пред Валентино Роси кој стартуваше од пол позиција, додека Маркез по првиот круг стигна на трета позиција стартувајќи од шесто место.

Маркез потоа го претекна и Роси во третиот круг, пред да почне да го напаѓа и Хорхе Лорензо. Но во 5 круг Маркез изгуби контрола на предниот дел од својот мотор, лизгајќи се во песочниот предел.

Тоа го остави Лорензо на чело пред Роси и вториот мотор на Дукати управуван од Андреа Довициозо, кој пак набргу во 7 круг ја превзеде втората позиција. Во овој период, Лорензо имаше минимална предност од 0.7 секунди, но како што се одвиваше трката, шпанецот го задржа своето темпо и во 13 круг неговата предност беше 1.5 секунди.

Трикратниот шампион продолжи агресивно и во последните 10 кругови веќе ја зголеми предноста на 6.3 секунди и стигна до својата прва победа по Валенсија во 2016 година и негова 45 во МотоГП првенството.

Довициозо иако го намали темпото во завршницата, сепак ја заврши трката на втората позиција, пред Валентино Роси со предност од само 0.259 и ја обезбеди 1-2 победата на Дукати.

Третото место на Роси не дојде лесно, бидејќи тој мораше да се брани од нападите на дуото на Сузуки, Андреа Ианоне и Алекс Ринс, како и од Данило Петручи со Прамак Дукати. Во еден момент, Петручи беше и третопласиран, но во последните кругови неговата форма опадна и тој ги остави Роси и Ианоне да се борат за последното место на подиумот.

Ова е конечниот пласман по МотоГП Големата Награда на Италија во Муџело:

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ