МотоГП, Тајланд: Маркез подобар од Довициозо во последниот круг

Марк Маркез стигна до победа на инагуралната трка во Тајланд од МотоГП првенството, претекнувајќи го ривалот Андреа Довициозо во последниот круг и е чекор поблиску до освојување на титулата во 2018 година.

Спротивно од нивниот дуел во Австрија минатата година, Довициозо се обиде да го претекне Маркез во последниот свиок од последниот круг, откако Маркез го претекна во свиокот 5. Но моторциклистот на Дукати немаше добар излез од свиокот и шпанецот ја помина финиш линијата со 0,115 делови од секундата пред Довициозо, со што стигна до својата седма победа во сезоната.

На четири трки до крајот, Маркез има предност од 77 поени, додека се возможни 100 поени за освојување до последната трка.

Маверик Вињалес не беше доволно блиску до двајцата водечки моторциклисти, но успеа да стигне до својот прв подиум од Германското Гранд При во Јули на трето место, пред Валентино Роси, кој стигна до својот најдобар резултат по Брно во Август.

Жоан Зарко имаше силен финиш на петто место, пред Алекс Ринс и Кал Крачлоу.

Во трката само двајца моторциклисти се откажаа, Дани Педроса и Такааки Накагами.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ