Напуштањето на АлфаТаури било многу емотивно за Гасли

Пјер Гасли откри дека заминувањето од неговото АлфаТаури семејство било многу емотивно за него, откако ја напушти малата екипа од Фаенца за да потпише за фабричкиот Алпин тим за претсојната сезона.

Французинот потпиша за францускиот фабрички тим на метото на Фернандо Алонсо, кој замина за Астон Мартин, откако екипата го загуби Оскар Пиастри во Мекларен пред Бордот за прегледување на договорите во ФИА. Тоа беше прв трансфер за Пјер надвор од семејството Ред Бул каде мина цела кариера. Мина 12 месеци во Ред Бул, беше вратен во Торо Росо, подоцна АлфаТаури на кои им ја донесе втората победа во историјата по триумфот во Монца во 2020 година.

во однос на кариерата, секогаш мора да бидете многу прагматичен. знам каде сакам да одам, знам што сакам да постигнам во формула 1 и во одреден момент мора да се стават емоциите на страна, да се биде прагматичен затоа што тоа е најдобар начин да се стигне до целта.

поради тоа јас главно сум носен од перформансите и да бидам на место на кое ќе добијам најсилен болид кој ќе ми даде можност да имам најсилни перформанси и да постигнам најмногу – откри гасли.

Тој за прв пат проба болид на Алпин на крајот од минатата сезона на тестот во Абу Даби и веднаш изјави дека воочил зошто тимот финиширал на 4то место кај конструкторите. Трансферот на Пјер дојде по многу тешката сезона за малата екипа од Фаенца во која завршија на претпоследно место, единствено пред Вилијамс, а Гасли дојде најмногу до 5то место во Баку

не велам дека слабата сезона не влијаеше на мојата одлука да змаинам од тимот. за мене сите механичари и инженери ми се формула 1 семејство со кое минав 5 години и 90% од мојата кариера во тркачката серија.

знам дека пред мене е огромна промена, но промена голема е и за алфатаури кои по пет години ќе треба да му посакаат добредојде а нов возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ